19 C
Struga
Wednesday, July 24, 2024
spot_img

Украинскиот амбасдадор во Германија: Почна Третата светска војна

Амбасадорот на Украина во Германија, Андриј Мелник даде интервју за германски Билд.

„Светлината исчезна. Одењето и уживањето во сонцето изгледаат несоодветни. Постои живот пред и по 24 февруари“, рече тој на почетокот.

„Треба да можеш да се смееш, инаку ќе полудиш. Но, мене ми е многу тешко, како и на сите во Украина. Поминав многу непроспиени ноќи размислувајќи за ужасните воени злосторства што Русите ги прават во мојата татковина“. вели Андриј Мелник.

Запрашан за ескалацијата на конфликтот, тој рече дека Третата светска војна веќе започнала.

„Третата светска војна веќе започна. Нападот на Путин над Украина ги погодува сите. И Германија, иако сè уште не воено. На сите треба да им биде јасно: Путин сака империјалистички светски поредок со ослабен НАТО, сојуз во кој Полска, Чешка и Словенија повеќе нема да бидат членови“, рече тој.

„Стравот дека Германија ќе стане страна во војната е целосна глупост. За Путин, Германија е веќе страна во оваа војна. Руската победа во Украина би била најлошото нешто што може да ѝ се случи на Германија“, рече тој.

Што се однесува до вооружувањето, тој рече дека тенковите што ги испратила Германија се стари 40 години.

„За да победиме против Русија, ни треба модерно германско оружје“, рече тој.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles