19 C
Struga
Wednesday, July 24, 2024
spot_img

Украинската војска тврди дека од почетокот на инвазијата убиени се 14.200 руски војници 

Вооружените сили на Украина соопштија дека околу 14.200 руски војници се убиени откако Русија ја започна својата инвазија пред повеќе од три недели. Се додава дека се уништени 450 руски тенкови и речиси 1.450 други оклопни борбени возила, заедно со 93 руски авиони и 112 хеликоптери.

Дополнително, уништени се 205 руски артилериски системи, заедно со 72 повеќекратни ракетни системи за лансирање и 43 системи за противвоздушно оружје, се вели во соопштението.

Си-Ен-Ен потенцира дека не може од независен извор да ги потврди овие тврдења, посочувајќи дека такви информации од Русија ретко доаѓаат. Последната информација за руските загуби во Украина беше објавена на 2 март, кога Русија соопшти дека 498 нејзини војници загинале од почетокот на кампањата.

Американските проценки за руските жртви се движат од 3.000 до 10.000, според информациите на американските и НАТО официјални лица кои зборувале за Си-Ен-Ен. Проценките на американските и сојузничките разузнавачки служби варираат во голема мера за тоа колку руски сили се убиени до сега, велат за Си-Ен-Ен извори од разузнавачките кругови. Но, дури и најниските проценки се изразени во илјадници. 

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles