11 C
Struga
Thursday, May 26, 2022
spot_img

Турција не се откажува од дијалог, продолжуваат нападите во Украина

Руските сили  повторно ја напаѓаат челичарницата Азовстал во Мариупол , во која се засолнати украински борци и голем број цивили соопштија тамошни власти. За денеска не е договорена евакуција на цивили од фабриката за челик. Украинската армија  информира дека   успеале  да одбијат девет руски   напади во регионите Доњецк и Луганск во изминатите 24 часа , но и дека под контрола на непријателот паднале неколку мали градови. Руското министерство за одбрана се пофали дека  со ракетите  Калибр уништеле складиште за оружје во украинскиот регион Запорожје во кое имало  големо количество оружје и муниција доставени од САД и европските земји до украинските војници. Според украинскиот претседател целите на Русија се многу подалеку од сегашната војна против Украина, која трае веке 63 дена.

-Крајната цел на руското раководство не е само заземање на територијата на Украина, туку распарчување на целиот центар и исток на Европа и глобален удар врз демократијата. Затоа, слободниот свет има право на самоодбрана. И затоа уште повеќе ќе и помогне на Украина. Ќе дојде време кога и Русија ќе мора да признае дека е потребен мир.

Рускиот претседател во денешното обраќање пред пратениците, ги предупреди надворешните сили да не се мешаат во уркаинскиот конфликт, ветувајки молскавичен одговор на таквите акции со употреба на најнапредното вооружување на Москва.

-Ако некој одлучи да интервенира во тековните настани однадвор и да создаде неприфатливи стратешки закани за нас, тој треба да знае дека нашиот одговор на тие удари ќе биде брз, молскавичен Ги имаме сите алатки за да го направиме тоа. Алатки со кои никој освен нас не може да се пофали. Но, нема да се фалиме. Ќе ги користиме доколку се појави таква потреба“, рече Путин.

Анкара напорно работи да ги седне на иста маса првите луѓе на Русија и Украина, Путин и Зеленски. Турскиот министер за одбрана соопшти дека  е оптимист дека претседателот Ердоган ке успее  да ја организира средбата во брзо време.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles