-3 C
Struga
Tuesday, January 25, 2022
spot_img

Три дози „Фајзер“ штитат од омикрон, според израелско истражување

Израелски научници вчера објавија дека откриле дека тројната вакцина против коронавирус со „Фајзер/Бионтек“ обезбедува значителна заштита од нова варијанта омикрон.

Заклучоците од истражувањето се слични со оние што претходно неделава беа презентирани од „Бионтек“ и „Фајзер“, што беше прв знак дека дополнителните дози на вакцината би можеле да бидат клучни за заштита од новоидентификуваната варијанта на коронавирус.

Истражувањето, спроведено од медицинскиот центар „Шеба“ и Централната виролошка лабораторија на израелското Министерство за здравство, ја спореди крвта на 20 лица кои примиле две дози од вакцината пред пет-шест месеци со исто толку луѓе кои ја примале третата доза пред точно еден месец.

„Лицата кои ја примија втората доза пред пет или шест месеци немаат способност да го неутрализираат омикронот. Добрата вест е што со третата доза за 100 отсто се зголемува способноста за неутрализирање. Има значителна заштита со третата доза. Таа е пониска од способноста да се неутрализира делта варијантата или за околу четири пати помала“, изјави Гили Регев-Јочај, директор на Одделот за заразни болести во Шеба.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles