21 C
Struga
Tuesday, June 25, 2024
spot_img

Телото на Пригожин идентификувано, руските власти ја потврдиja смртта на лидерот на Вагнер

Руските власти ја потврдија смртта на лидерот на приватната војска Вагнер, Јевгениј Пригожин, откако неговото тело било идентификувано со помош на ДНК анализа. Истражната комисија која беше формирана од страна на Кремљ по падот на авионот во кој летаа 7 припадници на Вагнер и тројца членови на екипажот, соопшти дека се иден0тификувани сите 10 тела.

ВО РАМКИ НА ИСТРАГАТА ЗА УРИВАЊЕТО НА АВИОНОТ ВО ТВЕРСКИОТ РЕГИОН, ЗАВРШИ СПРОВЕДУВАЊЕТО НА МОЛЕКУЛАРНО ГЕНЕТИЧКАТА ЕКСПЕРТИЗА. СПОРЕД РЕЗУЛТАТИТЕ, УТВРДЕНИ СЕ ИДЕНТИТЕТИТЕ НА СИТЕ 10 ЗАГИНАТИ, И ТИЕ СООДВЕТСТВУВААТ СО ЛИСТАТА ОБЈАВЕНА ВО ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА ЛЕТОТ, ИЗЈАВИ ПОРТПАРОЛКАТА НА ИСТРАЖНАТА КОМИСИЈА, СВЕТЛАНА ПЕТРЕНКО.

Авионот во кој се превезуваа тројцата највисоки членови на Вагнер, основачот Пригожин, командантот на сите воени операции на Вагнер, Дмитриј Уткин и шефот на логистиката на воената група Валери Чекалов, се урна на 23 август половина час по полетувањето од Москва.

Уривањето на авионот се случи два месеци откако Пригожин, незадоволен од тоа како руската армија ја поддржуваше неговата воена група во борбите околу Бахмут, ги поведе своите борци на марш кон Москва, превземајќи ја контролата врз Ростов на Дон, каде што се наоѓаше и штаб на јужната воена област, кој беше и штаб на армијата за воените операции во Украина.

СЕ НАОЃАМЕ ПРЕД ШТАБОТ. СЕГА Е 7 И 30 ПОПЛАДНЕ, ВОЕНИТЕ ОБЈЕКТИ ВО РОСОВ СЕ ПОД НАША КОНТРОЛА, ВКЛУЧУВАЈЌИ ГО И АЕРОДРОМОТ, ИЗЈАВИ ПРИГОЖИН НА 24 ЈУНИ ГОДИНАВА.

24 часа подоцна, Вагнер се повлече од градот, откако беше соопштено дека бил постигнат договор со рускиот претседател, по што започна и повлекувањето на Вагнер од Украина и нивно распоредување во Белорусија. Москва веднаш ги отфрли обвинувањата на западот дека авионската несреќа на Пригожин е оркестрирана од Кремљ.

СЕКАКО, ВАКВИТЕ ШПЕКУЛАЦИИ НА ЗАПАДОТ СЕ ОБЈАВУВААТ ПОД ОДРЕДЕН АГОЛ, НО СЀ ТОА Е АПСОЛУТНА ЛАГА, И СЕКАКО, НЕОПХОДНО Е КОГА СЕ ОБЈАВУВААТ РАБОТИ ЗА ОВОЈ СЛУЧАЈ, ТИЕ ДА БИДАТ ЗАСНОВАНИ НА ФАКТИ. ЗАСЕГА ИМА МАЛКУ ФАКТИ, БИДЕЈЌИ ТИЕ СЀ УШТЕ ТРЕБА ДА БИДАТ УТВРДЕНИ ВО ТЕКОТ НА ИСТРАГАЖНИТЕ АКТИВНОСТИ, КОИ ВО МОМЕНТОВ СЕ СПРОВЕДУВААТ, ИЗЈАВИ ПРЕД ДВА ДЕНА ПОРТПАРОЛОТ НА ПУТИН, ДМИТРИЈ ПЕСКОВ.

Бунтот на Вагнер, кој западот побрза да го нарече обид за државен удар во Русија, според блиски соработници на Пригожин, бил само негов очаен обид да го привлече вниманието на рускиот претседател за неговиот судир во армиското водство, министерот Сергеј Шојгу и шефот на Генералштабот Валери Герасимов. Тој ги обвинуваше нив дека ја запреле испораката на муниција и воени залихи за Вагнер кои со месеци водеа крвава битка за Бахмут.

ОВА СЕ МОМЦИТЕ НА ВАГНЕР КОИ ЗАГИНАА ДЕНЕСКА. КРВТА Е СЀ УШТЕ СВЕЖА. СНИМАЈ ГИ СИТЕ, БЕШЕ БЕСЕН ПРИГОЖИН НА 5 МАЈ.

Но, борците на Вагнер, напредувајќи кон Ростов на Дон и Москва, соборија 2 воени хеликоптери и еден авион, а во кратките престрелки со припадници на армијата, беа убиени 15 руски војници.

Пригожин успеа да му го привлече вниманието на Путин, но наместо на негова страна, претседателот одлучи да ја поддржи армијата, нарекувајќи го лидерот на Вагнер предавник кој ѝ забил нож во грбот на татковината.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles