5 C
Struga
Sunday, April 21, 2024
spot_img

Стружанецот Никола Огненовски освои златен медал во Меѓународниот турнир „Власотинце опен 2023“ во Србија

Карате центар „Пејов“ на Меѓународниот турнир „Власотинце опен 2023“ во Србија направи огромен успех, освои вкупно 30 медали во сите дисциплини – 14 бронзени, 10 сребрени и 6 златни медали.

Најистакнати поединци беа Јасмин Мустафоски со златен медал во борби поединечна конкуренција, Никола Огненовски освои златен медал во екипна конкуренција и Ема Гиноска (во кати и во борби), воедно, го освои и пехарот за најдобар борец на турнирот во женска конкуренција.

„Задоволен сум од настапот на сите натреварувачи кои ги бранеа боите на Карате центар „Пејов“, а особено од тие што го имаа огненото прво крштевање во борби, како што беа Ниран Идрис, Ема Гиноска, и останатите што настапија во конкуренција на ветерани: Розета Стојанова, Владимир Тошевски, Дарко Николовски и Гијанмичеле Меле“, изјави тренерот Зоран Пејов и додаде:

„Инаку „Пејов“ настапи во заеднички состав со Јамамори доџо предводен од сенсеи ИванчоГорјанин којшто имаше фантастична егзибицска демонстрација на турнирот. Екипниот состав беше заедно со Карате клуб „Супериор“ предводен од сенсеи Апостолов“.

Пејов посочува дека најдобар поединец бил Јасмин Мустафоски со 2 злата – во борби поединечно и во екипна конкуренција и сребро во кати.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles