На последниот шаховски турнир за оваа година, стружанецот Лука Симоноски во силна кокуренција на натпреварувачи од цела Македонија, успеа да го донесе златниот медал во Струга.
Турнирот беше во организација на град Скопје, во категории до 8, 10 и 12 години.
Симоноски победи во категорија до 8 години.
Тој игра за Алкалоид-шаховска школа Струга под менторство на тренерот Ѓоко Котески.