16 C
Struga
Saturday, July 27, 2024
spot_img

Струга ќе биде домаќин на ,,Преспа Форумот за дијалог“ што ќе се одржи на 15-ти и 16-ти јуни

На 15-ти и 16-ти јуни во Струга ќе се одржи Преспа Форумот за дијалог 2023 .

Овогодишниот Форум има посебно значење за државата и за регионот, имајќи предвид дека на 17 јуни ќе ја обележиме петгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор меѓу Северна Македонија и Грција. ПФД2023 ќе се одржи во време обележано од невидената, непредизвикана и нехумана воена агресија што ја води Русија против Украина, но и за време на Претседавањето на Северна Македонија со Организацијата за безбедност и соработка во Европа, со што преземавме огромна одговорност и решителност целосно да се ангажираме во заштитата на принципите и заложбите на ОБСЕ и во промовирањето дијалог и соработка.-информираат организаторите.

Додаваат дека програмата на Форумот ќе вклучи, меѓу другото, разговори за горливите регионални и европски политичко-безбедносни прашања, евроинтеграцијата на државите од Западниот Балкан, перспективите за зајакнување на регионалната соработка и добрососедските односи, борбата против корупцијата итн.

Организаторите изразија уверување дека ПФД2023 повторно ќе понуди платформа за дискусија и ќе собере на едно место домашни и меѓународни високи претставници, дипломати, истакнати личности од академската и деловната заедница, граѓанското општество и претставници на младински организации, кои ќе имаат одлична можност лично да ги споделат нивните анализи, мисли и идеи за широк обем регионални и меѓународни теми.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles