17.5 C
Struga
Wednesday, May 25, 2022
spot_img

СТО: Поради војната во Украина, кризата со храна е неизбежна

Светската трговска организација (СТО) ја намали прогнозата за раст на светската трговија оваа година поради војната во Украина, изјави извршниот директор Нгози Оконџо-Ивеала.

Прогнозата беше намалена од 4,7 на 2,5 отсто поради „влијанието на војната и мерките што ги поттикнува“, рече Нгози Оконџо-Ивеала. Глобалната трговија е исто така попречена од тековните проблеми со синџирот на снабдување предизвикани од пандемијата на Ковид-19.

Прекините ќе ги зголемат цените на храната, предупреди шефот на СТО во интервју за Би-Би-Си, изразувајќи стравувања дека „кризата со храна е неизбежна“, објаснувајќи дека Русија и Украина сочинуваат само околу 2,5 отсто од светскиот извоз, но се „многу, многу важни во одредени сектори“. „На прво место, се разбира, е грижата за луѓето во Украина кои се раселени и немаат доволно храна“, истакна Оконџо-Ивеала.

Таа, исто така, предвиде тешки последици во глобалната економија, додавајќи дека недостигот и „ограничувањата на снабдувањето со храна“ особено тешко ќе ги погодат посиромашните земји.

Здруженијата на прехранбената индустрија предупредија дека ЕУ се соочува со недостиг на сончогледово масло. Украина сочинува речиси половина од глобалниот извоз, а Украина со речиси 30 отсто, според S&P Global, но извозот е попречен поради затворените пристаништа во Украина. „Навистина сум загрижен за можен глад, особено во сиромашните земји, каде што резервите на храна и онака се оскудни“, предупреди шефот на СТО.

Користејќи ја Африка како пример, поранешниот нигериски министер за финансии рече дека 35 од 55 африкански земји увезуваат пченица и други житарки од Русија и Украина, а 22 увезуваат ѓубриво. „Истражувањето кое моментално го спроведува Африканската банка за развој покажува дека цените во многу земји веќе растат со стапки од 20 до 50 отсто“, рече шефот на СТО.

Стравувањата дека војната во Украина и санкциите против Русија ќе предизвикаат прекини во снабдувањето ги зголемија и цените на другите суровини. Русија произведува голем број клучни суровини, со 40 отсто учество во глобалното производство на паладиум, неопходни за производство на автомобили.

Уште пред војната во Украина, пандемијата го наруши односот меѓу понудата и побарувачката во многу сектори, што поттикна раст на цените, а Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предупреди дека зголемената инфлација оваа година ќе го забави растот на светската економија. „Мислам дека овие инфлациски притисоци ќе продолжат и на краток и на среден рок“, рече Оконџо-Ивеала.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles