24 C
Struga
Tuesday, July 23, 2024
spot_img

СТО: Ако Украина не успее да го извезе житото, ќе следува катастрофа

Кризата со храна, која се интензивира откако Русија ја нападна Украина, може да трае со години, рече генералниот директор на Светската трговска организација Нгози Оконџо-Ивеала, додавајќи дека „одлучна акција мора веднаш да се преземе“.

Говорејќи за Би-Би-Си, Оконџо-Ивеала рече дека стравува дека недостигот на жито предизвикан од војната во Украина може да резултира во „ужасна ситуација низ светот“.

Имено, дури 42% од сончогледовото масло, 16% од пченката, 10% од јачменот и 9% од пченицата што се извезува во светот доаѓа од Украина.

„Доколку сега не успееме да извеземе жито од Украина, а жетвата започне во јули каде може да пропадне слична количина на жито, тогаш јасно е дека оваа ситуација ќе трае многу години. Тоа може да биде вистинска катастрофа за одредени делови од светот“, рече директорот на СТО.

Тој вели дека Африка ќе биде најтешко погодена бидејќи многу африкански земји увезуваат храна и ѓубрива од регионот околу Црното Море.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles