21 C
Struga
Friday, May 24, 2024
spot_img

Спасовски: Бонус платите за полицијата ќе бидат исплатени на 5-ти или на 6 јуни

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски попладнево соопшти дека на полицајците кои имаат изработено дополнителни часови, бонус платите ќе им бидат исплатени на 5-ти или на 6 јуни.

Одговорајќи на пратеничко прашање што го постави Тани Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ, Спасовски истакна дека сите средства по оваа основа досега се подмирени и веќе нема никакви тужби, извршувања, ниту наплати.

-Од моментот на носењето на Законот за полиција, до 2016 година, ниту една година не беше исплатена бонус плата и секогаш во тој пориод побарувањата беа преку судови за да можат полициските службници кои оствариле поголем број работни часови или над 150 во годината, да го добијат надоместот што по закон им следува. До тој момент се исплатени 12,5 милиони евра кои значат исплата и на адвокатски и на сите други трошоци. Во 2016, 2017 и 2018 година беа исплатени сите три бонус плати одеднаш за да бидат повлечени сите тужби, а од тогаш, во 2019, 2020 и 2021 година редовно се исплаќаа бонус плати зашто тие средства ги предвидовме во Буџетот. Сега ниту има тужби по оваа основа, ниту има извршување, ниту наплати. За 2022 година решенијата се потпишани на 5 или 6 јуни сега, зависно од Трезорот, повторно ќе бидат исплатени бонус платите, за сите полициски служебиници. Откако сум јас министер, апсолутно ниту една година нема неисплтена бонус плата, ниту се создавани допонителни трошоци по овој основ, потенцира Спасовски.

Во врска, пак, со мостот во Бардовци на кој, како што укажа Јаревски, секојдневно минуваат камиони тешки и по 40 тона, иако тоа е забрането и максималната дозволена тежина на возила е 7,5 тони, Спасовски најави дека ќе се постави постојана полициска контрола.

-Ќе се договориме да направиме оперативен план, на влезот на Бардвоци ќе има постојано полициска контрола на возила за да се заштити инфраструктурата, но и за безбедност во сообраќајот, истакна министерот Спасовски.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles