16.2 C
Struga
Tuesday, May 24, 2022
spot_img

Со пораки за мир во светот прославен Велигден

Опход околу соборниот храм „ Свети Климент Охридски“, придружуван од радосните црковни ѕвона и читање на евангелието според Марко од архиепископот Охридски и Македонски господин господин Стефан. Ваква беше атмосферата на полноќ пред соборниот храм, во очи на соопштувањето на радосната вест за победата на новиот живот над смртта.

  • Возљубени, честитајќи ви го празникот над празниците Велигден, посакуваме мирот Христов да завладее во секого од нас и во сиот свет. Амин. Христос воскресе, Христос воскресе, Христос воскресе !, порача Г.Г. Стефан – поглавар на МПЦ-ОА

Потоа, верниците кои годинава дојдоа во голем број, неоптоварени толку, како минатите две од пандемијата,  со свеки во рацете стоеја и се кршеа со црвени јајца, кои симболично го претставуваат воскреснувањето на Христос од мртвите.А, потоа и ги јадеа.

Утрово, на првиот ден Велигден, во соборниот храм се одржа Воскресна литургија, со која чиноначалствуваше поглаварот на МПЦ-OA, г.г. Стефан. Граѓаните  слушаа, се молеа, се крстеа, се поклонуваа и принесуваа дарови на иконите.Нивните пораки ги одразуваат есенцијални човечки желби , но и пригодните, празнични обраќања:

  • Мир да има во светот. Сите да сме живи и здрави, среќни, весели. Љубов да владее меѓу луѓето, слога…
  • Да ни помогне Господ , да има напредок, сила , здравје, љубов, мир.
  • Нека е честит празникот! За многу години ! Сите среќни, весели.
  • Сите да бидеме живи, здрави и радосни! Да се радуваме на денешниот ден !

Од името на поглаварот на МПЦ, посланието го прочита отец Сашо Николовски. Во него се апелира на молитви, за прекин на војната во Украина.

  • На човекољубивиот Бог му принесуваме ревносни молитви за да го воскресне мирот во неа и во целиот свет.Пастирски ги повикуваме сите верни да ги сочуваат своите срца од омраза и гнев, потсетувајќи дека нашата најголема борба е против поднебесните духови на злобата. Љубовта е единствениот лек против злото, вели  Отец Сашо Николовски

Во време на искушенија, отфрлен разум и заборавен Божји закон, само со покајание и прифаќање на Божјата волја, ќе го најдеме патот што води кон личното и сенародното учество во тајната на Христовото воскресение, порачаа од црквата.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles