15 C
Struga
Sunday, July 3, 2022
spot_img

Совет на амбасадори: ЕУ итно да го деблокира процесот на интеграција на Северна Македонија и Албанија 

Советот на Амбасадори жали што руската агресија врз Украина добива такви размери во коишто, покрај одбранбени објекти и војници, најмногу страда цивилно население (повозрасни лица, жени и деца) и инфраструктурата на населените места неопходна за задоволување на минималните потреби за живот како што се резервите на животни намирници, водовод, канализации, греење и хумани транспортни коридори.

Советот смета дека Русија веднаш треба да престане со воената агресија, и двете страни да седнат на преговарачка маса и да најдат начин за мирно решение на конфликтот.

Советот цени дека Европската Унија треба позитивно да одговори на барањето на Украина за членство во Унијата и на земјата да и го олесни патот кон евроинтеграциите давајќи и статус на земја-кандидат во најбрз можен рок. За реализација на предлогот ЕУ треба да делува единствено и да ја отстрани можноста една членка да блокира донесување на таква одлука.

Со зајакната кохезијата меѓу земјите членки на ЕУ, притоа имајќи ги предвид политичката, економската и особено безбедносната состојба во Европа и Светот, Европската Унија треба итно да го деблокира процесот на интеграција на Северна Македонија и Албанија и да ги отпочне преговорите за нивно членство со што ќе се затвори просторот за било какви други варијанти за иднината на регионот Југоисточна Европа.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles