6 C
Struga
Wednesday, November 30, 2022
spot_img

Собранието треба да ја продолжи 57. седница

Собранието денеска на пладне треба да ја продолжи 57-та седница, на која на дневен ред се повеќе точки од различни области.

Пратениците треба да го разгледаат Извештајот на Европската Комисија за Република Македонија за 2021 година, Годишната програма за работа на Агенцијата за пошти за 2022 година, Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2022 година.

На дневен ред на оваа седница се Предлог- одлуката за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА”, во Босна и Херцеговина, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, Предлог-законот за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од КОВИд-19 врз производството и откупот на земјоделски производи, по скратена постапка.

Пратениците треба да ги разгледаат и Предлог-законот за дополнување на Законот за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од КОВИД-19 врз производството, откупот на грозје и винската индустрија, измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност, и двата по скратена постапка, како и Предлог-резолуцијата на миграциската политика на Република Македонија 2021-2025 година, со Акциски план.

Меѓу точките на дневен ред се и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за oдликувања и признанија на Република Македонија, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Предлог-законот за дополнување на Законот за репродуктивен материјал од шумски видови дрвја, со европско знаменце.

Пред пратениците е и Предлог-законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Финансискиот договор наменет за финансирање на проектот „Интерконектор за пренос на природен гас Грција – Македонија, дел на Македонија”, кој ќе се склучи меѓу Европската инвестициска банка и Акционерското друштво за вршење на енергетски дејности Национални енергетски ресурси Скопје, во државна сопственост, по скратена постапка. /МИА

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles