18 C
Struga
Saturday, July 27, 2024
spot_img

Читателка кој е во колона завеани возила меѓу Госпиќ и Грачац контактирала со хрватски Индекс.

„Веќе три часа стоиме во колона меѓу Госпиќ и Грачац. Никој ништо не ни кажува, а полека ни снемува бензин“, вели читателката за Индекс.

„Ја прашавме полицијата дали има информации за луѓе кои останале заглавени во колони кои не се движеле. И полицијата и ХАЦ и Хрватски патишта прават сѐ што можат сообраќајот да се раздвижи побргу“, велат од полицијата Лика-Сењ за Индекс и побарале од возачите малку повеќе трпение.

Читателката потоа известила дека имало возачи кои ја заобиколуваат колоната и дека сега има блокада. „Грејдерот сега не може да оди во ниту еден правец “, вели таа.

Да потсетиме, утринава почна формирањето колони на автопатот А1, кои требаше да излезат од автопатот кај клучката Горња Плоча и да продолжат по стариот пат кон Далмација. Паралелно се формирале конвои од Госпиќ до Грачац. Едната колона успеала да се придвижи кон Грачац, но околу 11:30 часот е донесена одлука колоните да бидат прекинати до понатамошно известување поради новото влошување на временските услови. Втората колона која била формирана во близина на одморалиштето Зир останала на автопатот.

Претходно од полицијата за Индекс изјавиле дека делницата меѓу клучката Госпиќ и Оточац е затворена од 12:15 часот.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles