18 C
Struga
Saturday, July 27, 2024
spot_img

Следните чекори кон ЕУ, тема на средбата Пендаровски-Ескобар

Разговарале за следните чекори што треба да се преземат за напредок на државата во ЕУ интегративниот процес, но кои и какви се тие, не се откриваат детали.Од попладневната средба на претседателот Пендаровски и  заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар,стигна само кусо соопштение.

На средбата беше потврдена поддршката на САД за европските аспирации на нашата земја. Истовремено, беше изразено очекување од официјален Вашингтон дека Северна Македонија ќе го продолжи патот кон полноправно членство во Европската Унија.

Претседателот Пендаровски ја истакна важноста на поддршката којашто САД ја даваат за остварување на стратешките цели на нашата држава. Во таа насока, на средбата се разговараше за следните чекори коишто треба да ги преземе Северна Македонија со цел да напредува во ЕУ интегративниот процес, информираат од Кабинетот на претседателот Пендаровски.

На средбата се разговарало и за состојбите во поширокиот регион, во контекст на руската агресија врз Украина.

Во пресрет на утрешните средби на  политичките опоненти со Ескобар, Ковачевски и Мицкоски, пак, ги повторија веќе искажаните ставови. Опозицискиот лидер ја обвини власта дека врши тортура и притисок врз ВМРО ДПМНЕ, а на помош повикува и странски дипломати.

Јавноста мора да биде сведок на оваа тортура која Владата ја прави преку своите гласила, но истовремено коленичи низ светот и носи луѓе низ светот овдека за да прават притисок врз ВМРО-ДПМНЕ. Ќе останеме бидејќи ова не го правиме бидејќуи тераме инает туку бидејќи мислиме дека тоа е исправно, рече Христијан Мицкоски, ВМРО ДПМНЕ

Мицкоски е подготвен да разговара само за брзи избори. `Се друго за него е тортура и притисок.

Премиерот Ковачевски, пак, вели дека од меѓународните пријатели добиваме поддршка, а не заговор.

Пласирање на тези дека има светска завера  во ниту еден случај не им оди во прилог ниту на граѓаните ниту на државата освен во политичка кариера на тој што го кажува, изјави Димитар Ковачевски, претседател на Владата на РСМакедонија.

Од Стејт департментот изјавија дека Ескобар на средбите ќе разговара за билатерални и регионални прашања и за зајакнување на партнерството со НАТО. Очекува „продуктивни разговори и заеднички дискусии за интеграцијата во ЕУ и долгорочниот просперитет на Западен Балкан“.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles