19 C
Struga
Wednesday, July 24, 2024
spot_img

СЗО: Сè уште е далеку крајот на пандемијата

Портпаролката на Светската здравствена организација Маргарет Харис денеска изјави дека е далеку крајот на пандемијата со Ковид-19.

– Дефинитивно сме на половина пат од пандемијата, истакна Харис.

По повеќе од еден месец пад на бројот на инфицирани со коронавирусот, минатата недела е забележан пораст на случаите, како и повторно воведување на карантин во Азија и во една кинеска провинција.

Здравствената агенција на ОН неодамна објави дека акутната фаза на пандемијата може да заврши оваа година, но дека сè зависи од тоа колку брзо ќе се достигне бројот од 70 отсто вакцинирани жители во секоја земја, што е само еден од факторите.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles