-5 C
Struga
Monday, January 24, 2022
spot_img

СЗО: По пандемијата човештвото ќе се соочи со посериозни проблеми од претходно

По завршувањето на пандемијата од коронавирусот, човештвото ќе се соочи со посериозни предизвици поврзани со сиромаштија, глад, нееднаквост, болести и климатски промени, изјави Тедрос Гебрејесус, генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) и ги повика владите да „промовираат економски раст заснован на здравјето и благосостојбата на луѓето и на планетата“.

„Кога ќе заврши пандемијата, ќе се соочиме со многу полоши предизвици од претходно: сиромаштија, глад, нееднаквост, болести, климатски промени“, рече тој.

Гебрејесус нагласи дека „пандемијата покажа дека ако здравјето е загрозено тогаш сите се во опасност“ и истакна дека во тој поглед е потребна фундаментална промена во перцепција за вредноста на здравјето.

Тој смета дека државите треба да се залагаат сите да имаат пристап до здравствени услуги, бидејќи ова човеково право е камен-темелник на социјалната, економската и политичката стабилност.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles