6 C
Struga
Sunday, December 4, 2022
spot_img

СЗО: Омикрон и натаму претставува закана за источна Европа

Новиот бран на варијантата омикрон на коронавирус се шири во источна Европа, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО), повикувајќи ги владите да ги засилат програмите за вакцинација и другите мерки.

Во изминатите две недели, бројот на заразени е повеќе од двојно зголемен во Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Русија и Украина, предупреди во изјавата регионалниот директор Ханс Клуге.

Тој ги даде коментарите во време кога неколку европски земји, вклучително и Чешка и Полска, најавија дека ќе ги укинат мерките за ковид доколку бројот на заразени продолжи да опаѓа. СЗО, сепак, нагласи дека континуирано се потребни мерки како што се брзо тестирање и носење маски, додавајќи дека досега во Европа се регистрирани повеќе од 165 милиони инфекции со Ковид, со 25.000 смртни случаи минатата недела.

„Соочени со плимниот бран на омикрон и со делта што сè уште циркулира на исток, оваа загрижувачка ситуација не е време да се укинат мерките за кои знаеме дека дејствуваат за намалување на ширењето на Ковид-19“, предупредува Клуге.

Тој ги повикал владите да ги истражат локалните причини за ниските стапки на вакцинација. Помалку од 40 отсто од луѓето на возраст над 60 години се целосно вакцинирани против Ковид-19 во Босна и Херцеговина, Бугарија, Киргистан, Украина и Узбекистан,објави Ројтерс.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles