11 C
Struga
Thursday, May 26, 2022
spot_img

СЗО: омикрон, веројатно е крајот на пандемијата во Европа

Со омикрон видот на коронавирусот кој би можел да зарази 60 насто од Европејците до март, започна нова фаза на пандемијата на ковид-19 во регионот и може да ја доведе до крај, изјави директорот на Светската здравствена организација за Европа Ханс Клуге за АФП. „Можно е регионот да се приближува кон крајот на пандемијата“, рече тој, сепак повикувајќи на претпазливост поради варијабилноста на вирусот.

Тој рече дека кога ќе се смири бранот омикрон, ќе има глобален имунитет со недели и месеци, или поради вакцината или поради тоа што луѓето се имуни на заразување, а исто така и поради сезонскиот пад на инфекцијата. Сепак, Клуге нагласи дека сѐ уште не сме во фаза кога коронавирусот станува ендемично заболување. „Ендемично значи дека можеме да предвидиме што ќе се случи, овој вирус изненади повеќе од еднаш, затоа треба да бидеме многу внимателни“, рече Клуге.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles