4 C
Struga
Saturday, March 2, 2024
spot_img

СЗО: Ковид-19 се уште претставува глобална закана за здравјето

Охрабрувачки е да се види животот како се враќа во нормала – да можеш да гушкаш пријател, да патуваш и да се среќаваш слободно. Веќе некое време сме заложници на овој вирус, така што како што реков, тоа е олеснување, рече тој.

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска, на вториот ден од 76. Светско здравствено собрание (ДСА), највисокото тело за одлучување на СЗО, изјави дека крајот на Ковид-19 како глобална здравствена опасност не значи и крај на глобалната здравствена закана.

Потсетувајќи дека пред помалку од три недели го прогласи завршувањето на пандемијата од Ковид-19 како вонредна состојба за јавно здравје од меѓународно значење, Тедрос кажа дека тоа е „моментот за олеснување и размислување“.

-Охрабрувачки е да се види животот како се враќа во нормала – да можеш да гушкаш пријател, да патуваш и да се среќаваш слободно. Веќе некое време сме заложници на овој вирус, така што како што реков, тоа е олеснување, рече тој.

Меѓутоа, првиот човек на СЗО подвлече дека тоа не значи дека Ковид-19 автоматски престана да биде закана за глобалното здравје.

-Останува опасноста да се појави друга варијанта, која ќе предизвика нови бранови на болести и смрт. Исто така, останува заканата од појава на друг патоген со уште посмртоносен потенцијал, предупреди тој.

Нагласувајќи дека СЗО треба да биде подготвена за решителна, колективна и фер борба во следниот епидемиски процес, Тедрос посочи дека епидемијата покажува дека има осум милијарди луѓе кои треба да се заштитат во вонредни ситуации.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles