-4 C
Struga
Wednesday, January 26, 2022
spot_img

Се укинува дневната евтина тарифа од 14 до 16 часот

Цената на струјата се зголемува за 9,48 отсто. Регулаторната комисија за енергетика ја потврди информацијата која Алсат ja објави пред повеќе од еден месец. Регулаторот вели дека успеале да издејствуваат помал ценовен шок, затоа што реалното зголемување на цената на електричната енергија требало да биде 25 отсто. Дополнително од Нова година се укинува и евтината дневна тарифа од 14 до 16 часот која заштедуваше околу пет отсто во сметките на домаќинствата. Во време на зголемен увоз на скапа струја од берзите трошокот на државата изнесувал 100 илјади евра на ден.

„Цената на електричната енергија за домаќинствата се зголемува за 9,48 проценти. Реалното зголемување како што кажав ќе беше многу повеќе, но успеавме да скратиме многу трошоци. И дополнително владата превзема обврска да им помогне на државните компании во наредниот период. “

Пресметката вели дека на сметка од 1000 денари зголемувањето изнесува околу 100 денари. Компаниите не биле задоволни од ваквата одлука. Барале граѓаните да плаќаат повисоки сметки за струја. Но регулаторот уверува дека ликвидноста не им е загрозена, но состојбата будно ќе ја следел. Од регулаторна упатија апел до граѓаните порационално да ја користат електричната енергија. Оваа цена ќе важи до јуни идна година, но не се исклучува можноста таа повторно да се корегира.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles