4 C
Struga
Monday, November 28, 2022
spot_img

Се одобрува зголемувањето на пензиите, „За“ гласаа 84 пратеници 

Донесени се измени на законот за пензиско и инвалидско осигурување. „За“ гласаа 84 пратеници меѓу кои и опозицијата.

Измените дојдоа откако Владата најави промена на методологијата за пресметување на пензиите; односно 50% од пензијата ќе се пресметува по основ на трошоци за живот и 50% врз основа на просечна плата.

Власта оваа методологија ја смета по швајцарски модел, а од ВМРО-ДПМНЕ велат дека практично е методологијата што ја применувале во времето кога биле на власт.

Дополнително, секој пензионер за месеците март, април и мај ќе добие по 1.000 денари помош за периодот на поскапување.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles