23 C
Struga
Tuesday, May 24, 2022
spot_img

Секој трет тестиран е позитивен на Ковид-19

Секој трет тестиран е позитивен на Ковид-19. Активни се 13.962, а повеќе од половината –  7624 се во Скопје. Надлежните велат дека нема потреба од нови рестрикции и дека најдобар начин за справување со пандемијата е вакцинацијата.

Апел за имунизација и почитување не мерките вчера упатија министерот за здравство Беким Сали и верските лидери. Вакцинацијата е најсоодветна и најдобра можност за заштита од ковид19, порачаа поглаварите на верските заедници.

– Во време на пандемија, кога речиси секој од нас е погоден од вирусот, кога дел од нас изгубивме и многу наши драги најблиски, посакувам на овој заеднички начин да упатиме апел секој граѓанин да ја сфати сериозно потребата за вакцинација, да одговори на нашиот повик за вакцинација и да не дозволи никој да ги поколеба во стремежот за спасување на спојот и на животот на луѓето околу нас од ова пандемија која веќе две години го сменил и начинот на нашето живеење, рече министерот по средбата со поглаварите.

Сали потенцира оти е убеден дека токму вакцинацијата е најбезбедниот начин за заштита од ширење на вирусот, но и единствениот начин за спречување на ширење на инфекцијата.– Ние како поединци сме лесно ранливи. Ние како власт ги имаме в раце сите ресурси да се погрижиме за здравјето на населението. Но ние, како општество, имаме реална можност вака сплотено да работиме на спасување на што повеќе животи и да подаруваме повеќе взаемна љубов и почит, додаде Сали.– Македонска православна црква преку свои соопштенија изминативе две години повеќе пати апелираше до верниот народ да се придржуваат на она што задолжените институции почесто и редовно апелираа на таа тема. И овој пат ќе речам, подобро е нешто да спречиме, отколку потоа да го лечиме. И денеска исто така упатуваме апел до сите граѓани на нашата земја да се вакцинираат, рече  поглаварот на Македонската православна црква, господин господин Стефан. – Во секој момент апелиравме луѓето да се држат до сите мерки што ги донесовме како ИВЗ во рамките на Министерството за здравство. Апелирањето беше во сите џамии во секоја петочна молитва, во сите меџлиси, групи, и мислам дека тоа беше многу успешна работа. Исто ИВЗ имаше наредба кај сите верници да се  апелира вакцинацијата да се зема сериозно да се пристапи на сериозен начин затоа што  таква е одлуката на СЗО, рече поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул-Улема Шаќир Фетаху. Според вчера објавените податоци при направени се  4.811 тестови, регистрирани се 1.715 нови случаи со КОВИД-19, 24 починати лица и 2.057 оздравени пациенти. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 274.144, бројот на оздравени пациенти е 251.688, на починати е 13.962.

Од Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП), во врска со информациите за објавување на решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација поради коронавирусот КОВИД-19 на веб страницата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат за цел – електронска достава на решенијата преку соопштение вчера информираа дека не е во корелација со начелото на законитост, правичност и транспарентност и начелото на минимален обем на податоци утврдени во Законот за заштита на личните податоци.

– Во врска со објавувањето на решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација на веб страницата на Државниот санитарен инспекторат, не постои законски основ за објавување на истите на веб страницата и во Службен весник на Република Северна Македонија. Ова особено што решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација поради коронавирусот КОВИД-19 содржат и посебни категории на лични податоци односно податоци што се однесуваат на здравјето, а кои лични податоци уживаат посебна заштита според прописите за заштита на личните податоци и за нив не може да се применат исклучоците од правилото за забрана за обработка на посебни категории на лични податоци, се наведува во соопштението од Агенцијата за заштита на личните податоци.

Начинот на достава на писмена е утврден во Законот за општата управна постапка, при што, се подвлекува, доставување по електронски пат би можело да се изврши со исполнување и применување на условите утврдени во одредбите на членот 85 од Законот за општата управна постапка, при што ќе треба да се предвидат и применат соодветни технички и организациски мерки според степенот на ризикот на операциите на обработка на личните податоци согласно прописите за заштита на личните податоци.

– Оттука, секое физичко лице кое има потреба да дојде до своето решение за изолација ќе треба да има единствено можност да пристапи и да го преземе сопственото решение, при што нема да има можност да пристапи, гледа и обработува податоци содржани во решенијата за изолација на други физички лица. При доставувањето по електронски пат (преземање на документот од сервер што го одредил јавниот орган) на решенијата за изолација, мора да се примени техничка и интегрирана заштита на личните податоци, односно да се применат соодветни технички и организациски мерки за обезбедување на безбедноста на обработката на личните податоци, пропорционално на целта на обработката, соодветно на ризикот, стои меѓу другото во соопштението.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles