6 C
Struga
Saturday, January 28, 2023
spot_img

СДСМ: Со признанието во Титаник, се потврдија изборните измами

Признавањето на вината на поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, за случајот „Титаник“, ги потврдува сите изборни измами, притисоци врз граѓаните, уцени и страв од режимот на Груевски, се вели во реакцијата на СДСМ, по вчерашниот судски процес на кој поранешни високи функционери на ВМРО ДПМНЕ се изјаснија за виновни за изборна манипулација. Според СДСМ, ова признавање на вината од врвот на ВМРО-ДПМНЕ значи само едно – дека ВМРО-ДПМНЕ со години ја нарушува волјата на граѓаните, и сите изборни циклуси во нивната организација биле нелегитимни. Се докажа дека се што зборувавме, за личните карти во Центар со граѓани од Пустец, за злоупотребите со избирачкиот список, за кој било друг облик на изборно насилство, е вистина, изјави Костадин Ацевски од СДСМ.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles