4 C
Struga
Monday, November 28, 2022
spot_img

СДСМ: Премногу е Мицкоски, дома да глумиш патриот а надвор да ги поткопуваш државните позиции

Христијан Мицкоси се грижи единствено за личниот и партискиот интерес дури и кога државата се справува со последиците од светската економска криза,  дури и кога е во важен период за евроинтеграциите.

Тоа е навистина премногу неодговорно.

Премногу е Мицкоси, да глумиш патриот дома а надвор на Конгрес на ЕПП премолчено да поддржуваш Резолуција која ги афирмира позициите на Бугарија.

Премногу е да се криеш од ова прашање и да не дадеш одговор.

Премногу е Мицкоски, во време на најголема светска економска криза да ја блокираш работата на Собранието, да кочите закони на штета на граѓаните.

Премногу е Мицкоски,  по секоја цена да го браниш криминалот на твојата ВМРО-ДПМНЕ.

Премногу е Мицкоски, во време на најголема светска економска криза твоите градоначалници да трошат милиони евра за партиски вработувања и аздисување и да не одвојат ниту денар за помош на граѓаните.

На граѓаните им е премногу од деструкциите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles