12.7 C
Struga
Wednesday, September 28, 2022
spot_img

СДСМ: Од септември покачување на платите во одбраната, полицијата, образованието и детската заштита

СДСМ како одговорна партија во изминативе години донесе важни законски решенија кои значеа повеќе пари кај граѓаните и грижа за нивниот економски стандард.

Со неодамна донесениот Закон за служба во Армијата се обезбедени дополнителни придобивки за војниците и вработените во одбраната, а платите во овој сектор од септември ќе се зголемат просечно по 2.000 денари.

Од истиот месец следува покачување на платите на вработените во образованието и детската заштита, додека платите во Министерството за внатрешни работи ќе се зголемат за пет отсто.

Со новата методологија за усогласување на пензиите, следува и рекордно зголемување на пензиите за над 320.000 пензионери. 

Вложувањето во човечкиот капитал, грижата за граѓаните остануваат врвен приоритет за Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ.

И во време на глобална економска криза остануваме посветени на мерки и политики кои обезбедуваат повисок животен стандард и повеќе пари во секое семејство.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles