8 C
Struga
Monday, December 5, 2022
spot_img

СДСМ: Арсовска досега е најнеуспешната градоначалничка на град Скопје

СДСМ го обвинува градоначалниката на Скопје Данела Арсовска дека во својата пријава ги излажала граѓаните дека во првите 82 дена од мандатот ги исчистила сите депонии во град Скопје.“Додека Арсовска без трошка срам ги лаже скопјани дека подработува нешто, дивата депонија во Општина Карпош е една од многуте диви депонии кои се неисчистени. Истата слика може да се види во секоја скопска општина, депониите не само што не се чистат, туку и секој ден се создаваат нови”, велаат од СДСМ.Од СДСМ велаат дека единственото нешто што Арсовска во 82 дена од мандатот направи е поставување на мобилни тоалети, нивелација на шахти и партизација на градската администрација.На целата јавност и стана јасно дека Арсовска е убедливо најнеуспешната градоначалничка на Град Скопје.Скопјани не заслужуваат ваква неспособна градоначалничка која знае само да бара оправдувања за своето неработење.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles