15 C
Struga
Sunday, July 3, 2022
spot_img

Светот во исчекување за следните чекори по признавањето на Донецк и Луганск од Москва 

Доњецк и Луганск ја слават новата реалност. 

Во истиот момент кога Путин стави потпис на указот, еуфоријата експресно се пренесе на улиците во отцепените украински региони. Огномети и руски знамиња во чест на независноста признаена од Русија.

-Ова чувство не може да се опише со зборови. Ова се неверојатни емоции. Осум години го чекавме ова и најпосле, ние сме Народна република Доњецк! , вели жител на Доњецк

Во главниот град Киев и во останатите делови на Украина молк и неизвесност.

-Шокиран сум. Поголем дел од моето семејство е од источна Украина. Јас сум осум години во Киев и ова е најстрашната вест што ја слушнав., вели жител на Киев

Украинскиот претседател Зеленски ги повика западните сојузници да му дадат јасна поддршка. Порача дека не се плаши од руската закана.

-Никому ништо не должиме и нема да дадеме ништо никому. Бидејќи денес не е фавруари 2014, туку февруари 2022 година. Друга земја сме, со друга армија и една цел – мир. , изјави Володомир Зеленски, претседател на Украина

Во моментов нема потврда дали руските трупи што ги најави самиот Путин веќе се присутни во двата региона. Ројтерс објави снимки од конвој тенкови и воени возила како се движат во областа, но без официјална потврда кому припаѓаат. Ваквата најавата беше клучна тема и на вонредната седница на Советот за безбедност. САД и сојузните зад таквиот чин на Москва препознаа изговор за војна.

-Toj (Путин) објави дека ќе распореди руски трупи во овие региони, нарекувајќи ги мировници. Тоа е бесмислица. Ние знаеме што се тие. , изјави Линда Томас Гринфилф, амбасадорка на САД во ОН

-Остануваме отворени за дипломатија за дипломатско решение. Сепак, ново крвопролевање во Донбас е нешто што немаме намера да го дозволиме. , изјави Василиј Небенза, амбасадор на Русија во ОН.

Западните сојузници веќе ги подготвуваат санкциите. Бајден потпиша указ за забрана за инвестиции и трговија на американски граѓани со Луганск и Донбас. Европската Унија планира санкции на неколку стотици руски пратеници, како и врз компании и банки поврзани со финансирањето на овие региони. Главниот удар го зададе Берлин, кој порача дека ја замрзнува постапката на гасоводот „Северен тек 2“

-Состојбата денеска е поинаква и ни треба нова анализа. Го замолив Министерството за економија да ја повлече документацијата и со тоа да го оневозможи сертификатот за гасоводот „Северен Тек -2“, изјави Олаф Шолц, канцелар на Германија

– Тој целосно го прекрши меѓународното право и веднаш ќе воведеме пакет економски санкции. Се плашам дека сите докази упатуваат дека Путин навистина е спемен за целосна инвазија на Украина. , изјави Борис Џонсон, премиер на Британија

Путин синоќа ја бранеше одлуката давајќи ѝ и историски контекст. Рече дека Украина и древна руска територија, чиј архитект бил Ленин.

-И сега, благодарните потомци ги уништуваат спомениците на Ленин во Украина. Тоа го нарекуваат „декомунизација“. Сакате декомунизација? Во ред, согласни сме со тоа. Но, како што вели поговорката – „не запирајте на половина пат“. Подготвени сме да ви покажеме што точно значи да се декомунизира Украина., изјави Владимир Путин, претседател на Русија

Доњецк и Луганск имаат популација од 3,6 милиони. Мнозинство од нив зборуваат руски. Независност самите прогласија пред осум години по руското анектирање на Крим. Во досегашните борби со украинската војска загинаа над 14 илјади луѓе.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles