19 C
Struga
Wednesday, July 24, 2024
spot_img

Само 5% од граѓаните вакцинирани со трета доза против Ковид

Само пет проценти од граѓаните се вакцинирани со три дози од вакцината против коронавирус. Од 335 смртни случаи во јануари, 6 пациенти биле со три дози, но имале и други пропратни болести. Препораката на Комисијата за заразни болести е со сите случаи на смрт со констатиран Ковид да бидат евидентирани и другите придружни болести како што се ракот, дијабетесот, кардиоваскуларните заболувања, но и прекумерната тежина. Исто така, препорачуваат за целосно имунизирани да се сметаат само оние кои примиле 3 дози. Ако се смени оваа методологија, излегува дека колективниот имунитет паднал на 5%, а не како што сега се пресметува со две дози што опфаќа 40% од населението.

На седницата на Комисијата за заразни болести денеска беше предложено важноста на потврдите на лицата кои прележале ковид – од 45 дена – да се продолжи до 180 дена. Оваа потврда служи за патување во странство или овие лица да можат да влегуваат во затворени локали во земјава, иако не се вакцинирани. Но, првиот човек на КЗБ вели дека ја разгледуваат можноста за продолжување на сертификатите за вакцинација на 9 месеци како во ЕУ, бидејќи немаат антитела.

Комисијата, исто така, предложи мерки за стимулирање на вакцинацијата со трета доза, бидејќи истражувањата покажуваат дека лицата со трета доза не завршуваат фатално од варијантата омикрон. Досега над 845 илјади граѓани примиле две дози, а три – над 132 илјади лица.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles