4 C
Struga
Monday, November 28, 2022
spot_img

Само едно од 200 тестирани деца позитивно на Ковид 

Од 200 тестирани основци за Ковид само едно дете било позитивно. Ова е резултатот од првиот ден скрининг во скопските училишта со брзи тестови. Тестирањето ќе продолжи во понеделник. Здравствените власти се задоволни од реакцијата на родителите, за потребните  1000 анализи добиле над 4000 согласности.

-Доколку ваквиот тренд продолжи, тогаш ќе нема потреба од продолжување на тие анализи кај учениците, изјави Беким Сали, министер за здравство.

-Она што го гледаме повеќето држави одржуваат настава со редовност нема онлајн настава, меѓутоа за да бидеме релевантни и да не настане штета по нашите деца сепак овој скрининг ќе ја покаже вистинската насока по која се движиме, изјави д-р Владимир Рендевски, заменик министер за здравство. 

Паралелно се одвива и тестирањето на возрасните кое треба да покаже каков имунитет за Ковид имаат граѓаните во земјава. После Скопје примероци од крв денеска се земаа на случајните минувачи на плоштадот во Битола, а наредните денови скрининг ќе се прави и во други поголеми градови. Од добиените резултати ќе зависи дали и понатаму на сила ќе останат мерките или граѓаните послободно ќе функционираат.

-Ако добиеме позитивни резултати според кои ќе има над 70 отсто од вкупната имунизација во државата, тогаш ќе почнеме со олабавување и олеснување на мерките, изјави министерот Беким Сали.

Според планот на Министерството за здравство со серолошкиот скрининг предвидено е да се направат 3000 анализи, од кои 1000 на примероци земени на неколку локации во Скопје. 

Минатогодишниот скрининг на Институтот за имунологија пред почетокот на вакцинацијата покажа дека само 30 проценти од граѓаните имаат антитела.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles