7 C
Struga
Thursday, February 22, 2024
spot_img

САД: Нема да дозволиме ескалација 

Руското нуклеарно оружје да биде во состојба на висока готовност – ваква наредба рускиот претседател Путин издаде на министерот за одбрана Сергеј Шојгу. Наредбата, како што пренесуваат руските медиуми, е одговор на агресијата на НАТО, нивните изјави, но и санкции. Потегот на Путин доаѓа само неколку часа откако Русија се соочи со строги финансиски санкции.

„Западните земји не само што презедоа непријателски акции кон нашата земја во областа на економијата. Јас зборувам за нелегитимни санкции за кои сите се свесни. Највисоките официјалните лица на земјите членки на НАТО исто така дадоа агресивни изјави против нашата земја“, рече Владимир Путин – претседател на Русија

Првите реакции пристигнаа од САД и НАТО. Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки оцени дека Путин создава закани, кои не постојат, за да ја оправда понатамошната агресија. Американската амбасадорка во ООН, Линда Томас Гринфилд, кажа дека со наредбата Путин продолжува да ја ескалира војната.
Првиот човек на Алијансата, Јенс Столтенберг пак, во интервју за Си-Ен-Ен го искоментира однесувањето на Путин како неодговорно.

„Ова е опасна реторика и крајно неодговорно однесување. Се разбира, кога ќе ја искомбинирате оваа реторика со она што тие го прават на терен во Украина, во смисла на водење војна против независна и суверена нација и држава, тогаш тоа дополнително ја зголемува сериозноста на ситуацијата“, изјави Јенс Столтенберг – генерален секретар на НАТО

Во однос на инвазијата во Украина, претседателот на државата Володимир Зеленски поднесе тужба против Русија пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг. „Русија мора да биде одговорна за манипулирање со приказната за геноцид со цел да се оправда агресијата. Бараме итна одлука на судот, кој и наложува на Русија веднаш да ги прекине воените дејствија и очекуваме судењето да започне следната недела“, наведе Зеленски. 

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles