6 C
Struga
Saturday, January 28, 2023
spot_img

Руската инвазија врз Украина денеска одбележува еден месец

Денеска се навршува еден месец од почетокот на војната во Украина, која однесе илјадници животи, претвори цели градови во урнатини и принуди милиони граѓани да ја напуштат земјата. На 24 февруари, Путин го нареди првиот напад, покренувајќи го најголемиот воен конфликт во Европа од Втората светска војна. Конфликтот ги стави на лоша позиција сите актери на светскиот безбедносен поредок и ја тресе цела Европа и глобалната економија. Жителите на Киев велат дека Путин не успеал како што очекувал во таканаречената „специјална операција“ против Украина, чија цел е стекнување контрола врз државата, за којашто Москва тврди дека е неонацистичка.

„Украинците не се плашат од никого. Сите се собраа заедно. Русите ја направија најголемата грешка со нашата земја. Ќе ги победиме. Ова е нашата татковина“, вели Валери Виштаљк, украински војник.
Русија не успеа да воспостави не само копнена, туку и воздушна контрола. Сепак, нападите врз поголемите градови Карков и Чернихив и покрај тоа што беа насочени кон украинските државни тела, не ги поштедија ни цивилите. Поради тоа Меѓународниот кривичен суд излезе на терен за да испита можни воени злосторства.

„Немам надеж. Сите ја знаат својата судбина, но не знаеме што ќе се случи утре. Се трудам да останам смирен, мислејќи дека сè ќе помине. Едвај чекам да го видам враќањето на животот и насмевката на лицата на луѓето“, рече Андриј Жуба, жител на Киев.

„Минатиот четврток или петок сфатив дека оваа војна не е прашање на недела или две, ниту еден месец. За да веруваме во утре, потребна ни е помош, поддршка и морал. Затоа го отворивме нашето кафуле“, вели Евхенија Сосновски, сопственичка на кафуле.

Но и покрај надежта, досегашниот биланс е застрашувачки. Илјадници загинати, уништени градови, над 3,5 милиони бегалци. Путин бара неутрален статус за Украина, односно да се откаже од намерата за влез во НАТО, потоа признавање на руски суверенитетот врз Крим, како и независноста на регионите Доњецк и Луганс во регионот Донбас. Минатата недела украинскиот претседател Володимир Зеленси рече дека Украина е подготвена да разговара за неутрален статус заедно со безбедносни гаранции, но за статусот на Крим и Донбас може да се разговара само по прекин на огнот и целосно повлекување на руските војници.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles