19 C
Struga
Sunday, July 3, 2022
spot_img

Руската војска денеска бомбардираше кај Лавов, Киев, Харков, Краматорск 

Градот Лавов во западна Украина денеска беше разбуден од серија силни експлозии. Локалните власти известија дека дел од ракетите биле истрелани од бродови во Црното Море. Биле уништени неколку комплекси и објекти кај градскиот аеродром. Лавов се наоѓа на само 70 километри од полската граница и служи како засолниште за стотици илјади бегалци.

„Нападот на Лавов е напад на хуманитарен центар во кој се сместени најмалку 200.000 луѓе од воените зони. Овој напад е потврда дека Русија повеќе не војува со украинската армија, туку со цивили, деца, жени и раселени лица“, Максим Козицки, регионален гувернер на Лавов

Руските сили продолжуваат со бомбардирањето и на другата линија, онаа околу главниот град на Украина. Најмалку едно лице загина, а десетици други се повредени, со што бројот на загинати во Киев се искачи на 222.

„Имаше експлозии. Се разбудивме, се сокривме во бањата и веднаш заминавме“, дете

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека многу станбени згради, градинки и училишта биле уништени од последните руски напади. Тој очекува Киев да се соочи со целосно уништување како и многу други украински градови.

„Војната е против цивили. Овде не гледам украински војници. Нема воена база. Само станбени згради и цивилни станови“, Виталиј Кличко, градоначалник на Киев

Жртви денеска имаше и во гранатирањата во Харков, Краматорск и други градови. Украинските власти пак, продолжуваат со потрагата по преживеани од првите два дена од трагедијата во Мариупол над Градскиот театар, каде беа сместени стотици жени и деца. Досега се спасени 130 лица. По трагедијата, Италија вети дека ќе го обнови театарот по завршувањето на војната. 

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles