21 C
Struga
Friday, July 26, 2024
spot_img

Русија и Украина се враќаат на преговарачката маса

Во Истанбул – нова шанса за мировно решение.

По извесна пауза, Москва и Киев најверојатно утре, а можеби уште вечерва ќе ги продолжат преговорите, овој пат, под покровителство на Турција. Украинскиот претседател Зеленски повторно порача дека е подготвен да прифати неутрален статус за Украина, со посебни безбедносни гаранции. Откри и дека утре во Истанбул може да се случи и нешто повеќе од преговори на ниво на делегации.

-Како што ме информираа, постои можност и потреба за средба во четири очи во Турција. Тоа не е лошо. Да го видиме резултатот. Суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина се несомнени. Ефективните безбедносни гаранции за нашата држава се неопходни. , изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина

За шефот на руската дипломатија Лавров засега нема изгледи за средба Путин – Зеленски, зашто како што оцени со оглед на немањето напредок за клучните прашања, таквиот разговор би бил контрапродуктивен. Не исклучи можност по Белорусија и Турција, следна дестинација за мировни преговори да биде Белград, поради неговиот статус и точките на гледишта.

-Се работи за тоа дека местото на преговорите треба да биде прифатливо за двете страни. Сега е договорено состанокот да биде во Истанбул. Ќе повторам дека сме подготвени да согледаме и други локации за преговори, вклучително и Белград. , изјави Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија

Украина денеска не дозволи отворање на ниту еден безбедносен коридор, поради информации за можни руски провокации.. На терен, најкритична останува состојбата во Мариупол. Украина ги обвини руските сили дека ја попречувале евакуацијата, додека 62 автобуса чекале на празно.

Владее хаос, но преживувам, како што гледате. Фала му на Бога. И ќерка ми нека знае – тато е жив. , вели жител на Мариупол.

-Oколу 160 илјади, според нашите проценки, се во блокираниот Мариупол, во кој денес е невозможно да се живее, бидејќи едноставно нема ништо. Нема вода, нема струја, нема греење, нема комуникација. , изјави Вадим Боиченко, градоначалник на Мариуопол

Обединетите Нации денеска соопштија дека бројот на раселени во Украина е шест и пол милиони, а повеќе од 3,8 милиони ја напуштиле земјата.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles