4.3 C
Struga
Tuesday, March 5, 2024
spot_img

Рекорд за кој и денес се зборува: Еден “Mercedes” возел 50.000 километри со брзина од 250 км/ч.

За да се потсетиме на ова неверојатно достигнување, мораме да се вратиме 40 години наназад, во златното доба на “Mercedes” и неговите легендарни неуништливи модели.

Притоа не се мисли на “W124”, па дури ни на “W123”, туку на малиот “W201”, попознат како “Mercedes 190”. Кога во 1982-ра година се појавил како одговор на “BMW 3” серијата, претставувал вистинска револуција во автомобилската индустрија.

Колку е ова важен модел за “Mercedes”, како и за целата историја на автомобилизмот, сведочи и неговото посебно место во музејот на “Mercedes”. Истовремено, мора да се спомне и неверојатниот рекорд кој го постигнал “Mercedes 190” на славната патека Нардо.

Тоа се случило во 1983-та година кога “Mercedes” на патеката пратил три примероци од моделот “190 E 2.3-16”. Се натпреварувале зелен, црвен и бел “190”, а сите три дошле до целта.

Зелениот примерок е сочуван до денес и се наоѓа во музеј. А тоа што овие модели го постигнале е фасцинантно – 50.000 километри на патеката Нардо. Притоа, не ги придвижувал бавен, но издржлив дизел мотор, туку спортскиот “Cosworh” мотор со 185 коњски сили.

Со овој мотор, продукцискиот “Mercedes 190” забрзувал до 100 км/ч за 7,5 секунди и развивал 235 км/ч.

Од 13-ти до 21-ви август 1983-та година, овие три автомобили поставиле дури 12 рекорди. Најбрзиот од нив минал 50.000 километри за 201 час, 29 минути и 43 секунди. Просечната брзина била неверојатни 247,9 км/ч.

Да кажеме и дека тоа биле минимално модифицирани автомобили способни да развијат 260 км/ч. Вентилаторот за ладење на моторот бил отстранет, вградена е тркачка брегаста осовина и модифициран е системот за вбризгување.

Имено, автомобилите постојано возеле на околу 6.000 вртежи во минута. На предниот дел е вградена клапа која може да се спушти, а возачите го правеле тоа за да избегнат прекумерно ладење на моторот.

Освен тоа, автомобили не степен за пренос за возење во рикверц, а автомобилите биле прегледувани на секои 17.000 километри.

Тогаш сервисерите за пет минути би го замениле моторното масло, свеќиците и гумите. Преостанатите застанувања биле само за замена на возачите и чистење на шофершајбната.

Еден месец подоцна, “Mercedes 190 E 2.3-16” официјално бил претставен пред публиката на саемот за автомобили во Франкфурт, а останатото е историја.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles