Регулаторната комисија за енергетика синоќа на полноќ ја објави новата цена на горивата.
Со измените во правилникот за формирање на цените, се овозможи регулаторна да носи одлуки и на дневно ниво, доколку берзанските цени имаат значителни промени, односно ако берзанските цени или курсот на доларот предизвикаат зголемување или намалување на цената на горивата од најмалку 2 денари. Малопродажните цени на бензините еуросупер бс-95 и еуросупер бс-98 се зголемуваат за 3,50 денари/литар, додека малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се зголемува за 8,50 денари/литар, соопшти РКЕ. Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (Ел-1) се зголемува за 6,50 денари/литар.
Малопродажната цена на мазутот м-1 нс се зголемува за 4,846 денар/килограм и сега ќе изнесува 59,165 ден/кг.
Максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 93,00 (ДЕНАРИ/ЛИТАР)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 е 95,00 (ДЕНАРИ/ЛИТАР)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС е 94,00 (ДЕНАРИ/ЛИТАР)
Масло за горење екстра лесно е 90,00 (ДЕНАРИ/ЛИТАР)
Мазут ќе чини 59,165 (денари/килограм)