19 C
Struga
Wednesday, July 24, 2024
spot_img

Растот на минималната плата во собраниска процедура 

Зголемувањето на минималната плата на 18 илјади денари за еден ден помина низ филтерот во комисиската расправа на матичната комисија за труд и социјална политика. Сите четири амандмани поднесени од опозициските партии беа одбиени. Речиси со идентичен амандман Алијанса на албанците и ВМРО- ДПМНЕ побара со растот на минималната плата и сите останати плати да бидат зголемени во јавниот сектор.

„Со растот на минималната плата мора да има зголемување на останатите плати особено во образованието, администрацијата, вработените во Собранието“, рече Илире Даути- Пратеничка од Алијанса за Албанците.

Министерката за труд, Јована Тренчевска образложи дека овој амандман не може да биде прифатен бидејќи растот на останатите плати е во согласност со потпишаните колективни договори, а не со измени во минималната плата.

„Висината на платите не е предмет на уредување во овој закон, дополнително што со предлагањето на овој амандман се нарушува социјалниот дијалог кои што за оваа Влада е многу важен. Се доведува во прашање колективниот договор сите прашања кои се однесуваат за дополнителни бенефиции, коефициенти на договор се предмет на договарање на колективните договор“, нагласи Јована Тренчевска – Министерка за труд и социјална политика.

Во следните денови се очекува предлог измените во Законот за минимална плата да се најдат на пленарна седница пред пратенците. Растот на минималната плата од 15.200 на 18 илјади денари, беше договорен помеѓу синдикатите, работодавачите и владините претставници.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles