6 C
Struga
Saturday, January 28, 2023
spot_img

Путин ја призна независноста на сепаратистичките републики во Доњецк и Луганск 

Рускиот претседател, Владимир Путин, се обрати вечерва до нацијата и потврди дека донел одлука за признавање на независноста на ткн народни републики во Доњецк и Луганск, кои од 2014-тата година се под контрола на про-руските сепаратисти.

„СМЕТАМ ДЕКА Е НЕОПХОДНО ДА СЕ ДОНЕСЕ ОВАА ВЕЌЕ ЗАДОЦНЕТА ОДЛУКА. ВЕДНАШ ДА СЕ ПРИЗНАЕ НЕЗАВИСНОСТА И СУВЕРЕНИТЕТОТ НА ДОЊЕЦКАТА НАРОДНА РЕПУБЛИКА И ЛУГАНСКАТА НАРОДНА РЕПУБЛИКА. БАРАМ ФЕДЕРАЛНОТО СОБРАНИЕ НА РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА ДА ЈА ПОДДРЖИ ОВАА ОДЛУКА И ДА ГИ РАТИФИКУВА ДОГОВОРИТЕ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО И ВЗАЕМНА ПОМОШ МЕЃУ ДВЕТЕ РЕПУБЛИКИ. ОВИЕ ДВА ДОКУМЕНТИ ЌЕ БИДАТ ПОДГОТВЕНИ И ПОТПИШАНИ НАСКОРО. БАРАМЕ ОД ОНИЕ КОИ ЈА ПРЕЗЕДОА И ЗАДРЖУВААТ ВЛАСАТ ВО КИЕВ, ВЕДНАШ ДА ГИ ЗАПРАТ БОРБЕНИТЕ АКТИВНОСТИ. ВО СПРОТИВНО, ОДГОВОРНОСТА ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА КРВОПРОЛЕВАЊЕТО ЌЕ БИДЕ ВО РАЦЕТЕ НА РЕЖИМОТ ВО УКРАИНА“ – ИЗЈАВИ ПУТИН.

Според информациите, Путин претходно разговарал телефонски со лидерите на Франција и Германија, клучните посредници во спорот меѓу Украина и Русија, на кои им потврдил дека ќе потпише декрет за признавање на независноста на проруските сепаратистички територии.

Ваквата одлука на Путин би му овозможила директно да испрати руски воени единици во Источна Украина, каде веќе се во тек повремени судири меѓу украинските сили и проруските сепаратисти.

Во своето долго обраќање, рускиот претседател говореше и за историските настани кои според него овозможиле создавање на Украина како независна држава.

Како директен создавач на Украина како држава, Путин го посочи поранешниот бољшевички лидер Владимир Илич Ленин.

„И СЕГА, БЛАГОДАРНИТЕ ПОТОМЦИ ГИ УНИШТУВААТ СПОМЕНИЦИТЕ НА ЛЕНИН ВО УКРАИНА. ТОА ГО НАРЕКУВААТ „ДЕКОМУНИЗАЦИЈА“. САКАТЕ ДЕКОМУНИЗАЦИЈА? ВО РЕД, СОГЛАСНИ СМЕ СО ТОА. НО, КАКО ШТО ВЕЛИ ПОГОВОРКАТА – „НЕ ЗАПИРАЈТЕ НА ПОЛОВИНА ПАТ“. СПРЕМНИ СМЕ ДА ВИ ПОКАЖЕМЕ ШТО ТОЧНО ЗНАЧИ ДА СЕ ДЕКОМУНИЗИРА УКРАИНА“ – СЕ ЗАКАНИ РУСКИОТ ЛИДЕР.

Путин посочи дека актуелната криза во Украина, почнала со, како што рече, државниот удар од 2014-тат година, кога од власт беше соборен легално избраниот претседател на оваа држава, Виктор Јанукович, со ткн портокалова револуција.

Ја обвини и актуелната власт на Зеленски дека го игнорирала договорот од Минск, кој ја обрзува на преговори со сепаратистите.

Голем дел од своето обраќање посвети на НАТО, обвинувајќи ја Алијансата дека ги игнорира руските безбедносни интереси, со проширувањето кон исток.

Рускиот претседател веќе беше предупреден дека доколку ги признае двете самопрогласени републики во источна Украина, Европската унија најверојатно ќе воведе санкции против Русија.

„СЕКАКО, ДОКОЛКУ ИМА, ДОКОЛКУ СЕ СЛУЧИ АНЕКСИЈА, ЌЕ ИМА САНКЦИИ. АКО ДОЈДЕ ДО ПРИЗНАВАЊЕ, ЌЕ ГО ПОСТАВАМ ПРАШАЊЕТО ЗА САНКЦИИ НА МАСА И МИНИСТРИТЕ ЌЕ ОДЛУЧАТ. ИМАЈТЕ ПРЕДВИД, КОЈ Е ПРОЦЕСОТ НА САНКЦИИТЕ. СПОРЕД ДОГОВОРОТ, САНКЦИИТЕ ЕДНОГЛАСНО СЕ ОДОБРУВААТ ОД СОВЕТОТ НА МИНИСТРИТЕ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ, ПО ПРЕДЛОГ НА ВИСОКИОТ ПРЕТСТАВНИК“ – ИЗЈАВИ ВИСОКИОТ ПРЕТСТАВНИК НА ЕУ, ЈОСЕП БОРЕЛ.

Тоа што е сигурно е дека по оваа одлука на Путин, безбедносната ситуација во Украина, која и досега беше на работ на војна, дополнително се комплицира и станува уште посложена.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles