15.5 C
Struga
Tuesday, May 24, 2022
spot_img

Путин сака да ја подели Украина тврди украинското разузнување 

Русија се обидува да ја подели Украина на два дела и да воспостави контрола врз еден регион, тврди шефот на украинското разузнавање Буданов.

Според него, откако Путин не успеал да ја освои целата земја, сега намерата му е да ја подели како Северна и Јужна Кореја. Буданов најави дека Украина ќе почне со герилски стил на војување на окупираните територии за да се спречи распарчување на земјата.

Украинскиот претседател Зеленски уште еднаш побара од западните земји да испратат барем мал дел од нивните залихи оружје и праша дали американско-европската алијанса се плаши од Москва.

– Тоа се авиони за Украина. Тоа се тенкови за нашата држава. Тоа е противракетна одбрана. Тоа е противбродско оружје. Тоа е она што го имаат нашите партнери.Тоа е она што е покриено со прашина во нивните складишта. На ризик само затоа што оставија само еден процент од сите авиони на НАТО и еден процент од сите тенкови на НАТО некаде во нивните хангари. Еден процент! Не бараме повеќе. Чекаме веќе 31 ден. Кој ја води евроатлантската заедница? Дали е сè уште Москва поради заплашување? – рече Зеленски.

По силниот напад во Лавов украина стравува од нова руска офанзива.Пожари беснеја и денеска во магацините за гориво и воена опрема по синоќешните руски воздушни напади, најсилни досега, врз овој западноукраински град од почетокот на инвазијата. Локалните власти соопштија дека биле повредени најмалку пет лица.

По вчерашното бомбардирање шефот на регионалната воена управа на Лавов, Максим Козички објави дека полицијата уапсила две лица под сомневање дека делеле информации со Русија.

Рускиот претседател Путин, пак, по повод Денот на националната гарда, им се обрати на војниците кои се борат во Украина и им порача дека борбата вклучува зголемен ризик.

– Другари, борбените услови вклучуваат зголемен ризик, рече Путин.

Украина и Русија денеска договорија хуманитарни коридори за евакуација на цивилите, вклучително и дозвола за луѓето да заминат со приватни автомобили од Мариупол, потврдија украинските власти.

Таму ситуацијата се уште е најдраматична. Жителите се целосно отсечени, без храна, вода и струја.Заменикот-градоначалник на Мариупол, Орлов, изјави дека луѓето почнуваат да умираат од глад и дехидрација, а резервите на храна и вода се при крај. Тој бара да се овозможи хуманитарна помош.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles