4 C
Struga
Monday, November 28, 2022
spot_img

Путин: Русија не сака да почне војна за Украина, но мора веднаш да му се стави крај на прашањето за украинското приклучување на Алијансата

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и германскиот канцелар Олаф Шолц во Москва, заврши по четири часа, но првичната тема, ситуацијата околу Украина, се покажа како недоволно интересна за двајцата лидери. Објавувата на руското министерство за одбрана дека се повлекуваат дел од војниците распоредени во близина на украинската граница, можеби малку го смени тонот на средбата, но дебата сепак се разгоре меѓу двајцата лидери, иако со вовлекување на различни поранешни конфликти во Европа.

Шолц рече дека повоените генерации во Европа не можат да замислат нова војна на континентот, на што Путин му врати дека веќе постои таков преседан, а тоа е војната во Југославија во 90-те години, која според рускиот претседател била водена од НАТО, против Србија, и тоа без одобрување од Советот за безбедност на ООН. Шолц, вклучувањето на НАТО го оправда со спречувањето на геноцид врз несрпското население, на што Путин рече дека истото се случувало и во Источна Украина.

Враќајќи се на темата за Украина, Путин рече дека Алијансата до сега не одговорила ниту на една од основните безбедносни забелешки на Русија. Рече дека Москва не посакува да започне војна поради Украина, но бара итно решавање на прашањето дали Киев ќе му се приклучи на НАТО.

ВО ВРСКА СО ТОА ДАЛИ САКАМЕ ИЛИ НЕ, СЕКАКО ДЕКА НЕ САКАМЕ. ТОКМУ ЗАТОА ДАДОВМЕ ПРЕДЛОЗИ ЗА ПРЕГОВОРАРАЧКИОТ ПРОЦЕС, ЧИЈ РЕЗУЛТАТ ТРЕБА ДА БИДЕ ПОДЕДНАКВА БЕЗБЕДНОСТ ЗА СИТЕ, ВКЛУЧУВАЈЌИ ЈА И НАШАТА ЗЕМЈА. ЗА ЖАЛ, А ВЕЌЕ ЗБОРУВАВМЕ ЗА ОВА, НЕ ДОБИВМЕ КОНСТРУКТИВЕН ОДГОВОР НА НАШИТЕ ПРЕДЛОЗИ, ТВРДИ ПУТИН.

Германскиот канцелар Олаф Шолц тврди дека евентуалното проширување на НАТО со Украина не е на агендата, а според московската канцеларија на Њујорк Тајмс, Шолц на посебна пресконференција за германските новинари рекол дека не ја исклучува можноста од постигнување согласност Украина никогаш да не ѝ се приклучи на Алијансата.

ИСТОТО ВАЖИ И ЗА РАЗЛИЧНИТЕ ПОЗИЦИИ ЗА ПРАШАЊЕТО НА НАТО ПРОШИРУВАЊЕТО КОН ИСТОК, ШТО Е ПОМАЛКУ ЧУДНА СИТУАЦИЈА, БИДЕЈЌИ ТОА НЕ Е НИТУ НА АГЕНДАТА. НЕ Е НА АГЕНДАТА. СИТЕ ГО ЗНААТ ТОА. НЕ Е ТЕМА СО КОЈА БИ ТРЕБАЛО ДА СЕ СООЧИМЕ ДО КРАЈОТ НА НАШИТЕ МАНДАТИ, СМЕТА ШОЛЦ.

Одлуката за повлекувањето на дел од руските војници од украинската граница го поздравија сите западни земји. НАТО оцени дека таа нуди доволна причина за внимателен оптимизам, иако посочуваат дека за сега на терен тоа не може да се потврди.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles