-2 C
Struga
Wednesday, January 26, 2022
spot_img

Пунктовите за вакцинација затворени до понеделник

Четири дена по ред сите пунктови за вакцинација против Ковид-19 во земјава ќе бидат затворени поради празниците.

„Јане Сандански е еден од  пунктовите за вакцинација против Ковид-19 кои од денеска до недела поради празниците ќе бидат затворени за граѓаните. За време на престојот на екипата на АЛСАТ на терен сретнавме многу граѓани кои одбија да зборуваат пред камера, но  беа заинтересирани да се вакцинираат. Некои од нив дури закажале за втора и трета доза, но наишле на  затворени врати“.

Оние кои не можеа да се вакцинираат во најблиските пунктови добија инструкции да одат во поликлиниката Чаир која беше единствениот пункт отворен од утрово до 13:30 часот. Лекарите велат дека најголем дел од вакцинираните граѓани биле од другите општини во Скопје, кои не можејќи да се вакцинираат на најблиските пунктови, дошле во  Чаир.

Абдилхади Зендели, доктор на поликлиниката Чаир

„Во сабота работиме овде во Чаир, тоа е пункт за вакцинација каде што можат да одат сите скопјани. Во сабота ние сме единствената точка што ќе работи. Имаше и граѓани од други пунктови кои дојдоа да се вакцинираат, од поликлиниката Јане Сандански или Букурешт. Досега се дојдени околу 100 пациенти. Некаде 50% од пациентите се за третата доза, додека други 50% за првата и втората“.

Празниците го сменија работното време на пунктовите за вакцинација во изминатите три дена. Работеа со скратно време од 8.00 до 14.30 часот. Од понеделник се очекува сите пунктови во земјава да се вратат во полно работно време од 8 до 20 часот. Во текот на следната недела лекарите очекуваат брзо продолжување на вакцинацијата. Според министерот за здравство, досега се вакцинирани 50 отсто од населението.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles