7 C
Struga
Monday, December 5, 2022
spot_img

Пропадна обидот за прекин на огнот, илјадници Украинци сепак не се евакуираа од Мариупол

Пропадна првиот обид за прекин на огнот од почетокот на руската агресија.. Илјадници Украинци тргнаа, но не успеаја да се евакуираат од најпгодениот град Мариупол, откако првично беа отворени, а потоа затворени хуманитарните коридори.. 

Утрово почна, но по неколку часа беше прекината. Тешко оди евакуацијата на илјадници жители од украинскиот град Мариопул, откако Украина и Русија прогласија привремен прекин на огнот во Мариупол и Волноваха, за да се евакуира дел од населението преку хуманитарните коридори. Иако цивилите имаа пет часа да ги напуштат своите домови во моментов евакуацијата е прекината, а Украинците и Русите меѓусебно се обвинуваат за непочитување на прекинот на огнот.

Заменик градоначалникот на Мариупол Сергеј Орлов за Би-Би-Си изјави дека таму има континуирано гранатирање од руската војска по договорената рута за евакуација и поради овие удари рутата не е безбедна.

Русите, пак, обвинија дека околу 200 луѓе се затрупани откако украинските националисти од движењето Азов денеска разнеле зграда во Мариупол, како што изјави претседателот на самопрогласената Доњецка Народна Република, Денис Пушилин. Руското Министерство за одбрана тврди дека украинските националисти ги спречиле цивилите да ги напуштат градовите, јави руската новинска агенција Риа.

Цивилите од Мариупол и Волноваха од утрово френетично бараа место повеќе во автобусите организирани за префрлање на безбедно од три локации во градот.

Украинскиот претседател Зеленски, пак , испрати остра порака до лидерите на НАТО поради нивното одбивање да воведат забрана за летање над Украина за да се спречат руските напади. Обраќајќи им се од Киев, Зеленски им порача „сите кои ќе умрат од денеска ќе умрат и поради вас“ осудувајќи ја неподготвеноста на НАТО да интервенира. 

„Резервираноста на западот укажува на тоа дека не сите ја сметаат борбата за слободата за цел број еден во Европа. Сите луѓе кои ќе умрат од денеска ќе умрат и поради вас. Поради вашата слабост, вашето неединство“, кажа Зеленски.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека секоја земја што ќе забрани летови над Украина, Москва ќе ја смета за соучесник во конфликтот. Оцени дека специјалната операција во Украина, како што ја нарече, оди според планот.

„Првото нешто што го направија, нашите сили уништија воена инфраструктура. Не целата, туку делумно. Магацини со оружје, муниција, авијација, системи за противвоздушна одбрана. Практично, работата е завршена, изјави Путин.

Руската војска денеска продолжи со гранатирање во и околу украинскиот главен град. АФП пренесе потресно сведоштво на жител од околината на Киев кој низ солзи раскажува како руска граната му го претворила домот во пепел.

„ Слушнавме само еден истрел и половина куќа беше уништена. Сопругата успеа да избега преку прозорецот. Фала му на Бога, моите деца заминаа во продавница 10 минути порано. Тоа нешто се урна во нивната соба. Можеа да умрат, изјави тој.

Викендов се очекува трета рунда разговори меѓу Русија и Украина. Весникот „Украинска правда“ објави дека во Киев наводно е убиен член на украинскиот преговарачки тим, бидејќи издавал тајни информации на Русија.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles