1.7 C
Struga
Tuesday, November 29, 2022
spot_img

Прехранбените производи ќе се намалат најдоцна до петок 

Мерките на владата за подобрување на куповната моќ на граѓаните се на сила, но цените на основните прехранбени производи нема да се намалат до крајот на неделата. Следната недела надлежните оставија простор трговците да ги приспособат фискалните каси и брашното, лебот, зејтинот, шеќерот, млекото, месото, оризот и јајцата да почнат да ги продаваат без ДДВ се до крајот на мај. Од УЈП за Алсат велат дека трговците немаат обврска физички да доаѓаат до управата, и усогласувањето на касите нема финансиски да ги оптовари.

„До 17 март или до идниот четврток трговците имаат обврска да ги ажурираат своите фискални каси, на тој начин што основните прехранбени производи кои што ги определи владата  ќе треба да  ги продаваат без данок на додадена вредност. Тоа значи дека до идниот петок граѓаните не треба да очекуваат поевтинување на основните прехранбени производи“, изјави новинарот на Алсат, Иле Петревски.

Поради недела неработен ден продавниците денеска се затворени, па граѓаните велат дека немаа можност да ги видат цените. Очекуваат дека за брзо ќе бидат намалени бидејќи секој месец е се потежок за живеење.

„Цените се отидени за 50 посто нагоре во однос на тоа што беа. А домашниот буџет за толку отишол во минус“, граѓанин

„Нема да биде лесно, но мора да се живее понатаму“, граѓанин

„Какво намалување, намалување на ова време нема шанса. Само зголемување ќе има“, рече граѓанин

Освен продажба без ДДВ, не само основните прехранбени производи, туку и серија други артикли треба веќе да се продаваат по нови пониски цени бедејќи една од мерките е и ограничување на маржите на трговците или нивната заработка. Инспекторите најавија дека ќе ги засилат контролите и доколку увидат дека има прекршување на правилата нема да има простор за опомена, туку високи парични казни за несовесните трговци кои ќе сакаат да профитираат на грбот н граѓаните. 

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles