15.5 C
Struga
Tuesday, May 24, 2022
spot_img

Претседателот подготвен да организира лидерска, партиите подготвени за консензус

Претседателот Пендаровски е подоготвен да организира лидерска средба на политичките партии. Ова прашање се отвори по барањата на опозицијата за укинување на пржинската влада, една изборна единица со намален праг, како и за намалување на бројот на пратениците во Собранието што бара и уставни измени, но и по најавите за можно отворање на Уставот поради бугарските барања.

„Претседателот Пендаровски е подготвен да организира таква средба под услов за тоа да се сложат парламентарните партии и од власта и од опозцијата“, ни одговорија од кабиентот на Претседателот.

За ВМРО-ДПМНЕ лидерска средба е повеќе од извесна, иако велат дека меѓупартиски разговри за сите овие теми ќе се отворат уште утре во Собранието.

Во однос на барањата на ДУИ искажани од вицепремиерот Артан Груби дека е потребно бришење на рамката од 20 отсто за оставрување на правата на Албанците во Уставот, Лефков вели дека и за тоа може да се разговара ако има доволно аргументи.

Од власта без јасен став дали лидерска ќе има, но велат дека за сите прашања потребна е дебата.

Можна лидерска средба посредно наговести и премиерот Ковачевски кој пред два дена објави дека имал телефонски разговор со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски за да се воспостави комуникација меѓу власта и опозицијата за важните прашања.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles