4 C
Struga
Monday, November 28, 2022
spot_img

Пресуди за „Титаник“, затвор за Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска 

По четири затворски и четири условни казни пресуди Кривичниот суд по признанието на вина во случајот со изборните нерегуларности „Титаник“. Поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески ја доби највисоката казна од четири и пол години затвор. Тој правосилната пресуда ќе ја дочека дома, бидејќи судот му определи куќен притвор. Поранешната прва полицајка Гордана Јанкулоска доби две и пол години затвор.

Казни од една и три години добија Мунир Пепиќ и Коста Митровски. Поранешниот шеф на кабинетот на екс – премиерот Груевски, Мартин Протуѓер доби условна казна. Условно е казнета и поранешната заменичка – министерка за правда, Билјана Бришковска Бошковски и уште двајца обвинети.

„Обвинетите дејствувале во група, како и траењето на временскиот период во кој дејствијата биле преземени. За обвинетите Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска како отежителни околности судот посебно го ценеше фактот што против-правните дејствија обвинетите ги презеле од позиција на носител на државна функција и тоа министер за транспорт и врски, односно министер за внатрешни работи во Владата на Република Македонија. Околноста што истите досега се осудувани и против нив се водат постапки за други кривични дела“, рече Осман Шабани, судија во Кривичен суд.

Судот оцени дека обвинетите биле координирани за да се дејствува во полза на ВМРО-ДПМНЕ на изборните процеси меѓу 2011 и 2014 година. Се планирало кој да не гласа, а кој да се распредели на други избирачко место за таму партијата да добие сигурен глас повеќе. На граѓани од Пустец, Албанија им биле дадени лични карти за да гласаат на избори во Македонија. Во случајот „Титаник“ има 200 сведоци, 1000 телефонски разговори и 5.900 материјални докази.

Судењето почна во април 2018 година, па потоа се врати од почеток, осуммина признаа вина. Ќе продолжи да им се суди на 13-мина, меѓу кои и поранешните функционери на ВМРО, Илија Димовски, Кирил Божиновски, а во отсуство ќе му се суди и на Никола Груевски.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles