11 C
Struga
Thursday, May 26, 2022
spot_img

Препораките на Комисијата за укинување на мерките на следната седница

Укинувањето ковид мерки сеуште чека на зелено светло од Владата – иако пред една недела Комисијата за заштита од заразни болести предложи да нема веќе рестрикции од Владата ЗА Сител велат дека предлогот се уште не поминал на кризниот штаб. 

Предлозите на Комисијата за заразни болести ќе се разгледаат на следната седница на Главниот координативен кризен штаб. Потоа записникот ќе биде разгледан на седница на Влада, за што јавноста ќе биде информирана.

Комисијата процени дека состојбата со вирусот се смирува и дека дозволува после две години целосно укинување на мерките за заштита.

И откако предлогот на комисијата за заразни болести ќе помине на владина седница, сепак задолжително ќе биде користењето на маски во здравствените установи, аптеките, јавниот превоз и домовите за стари лица.

Повеќето земји од регионот и светот пред почетокот на туристичката сезона ги укинаа повеќето или целосно мерките за заштита до Ковид. 

Од денеска за влез во Албанија не е потребна потврда за вакцинација против коронавирусот, негативен тест или потврда за прележана инфекција. Исто така во земјата повторно се отворени ноќните клубови, а укината е и забраната за емитување музика по 23 часот во угостителските објекти. 

И во Бугарија и Грција ќе може да се патува без ковид сертификат. Грција ги укина сите ковид мерки, но сеуште задолжителни се маските во затворени простории.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles