12 C
Struga
Sunday, March 3, 2024
spot_img

Премиерот Ковачевски учествува на Бледскиот стратешки форум во Словенија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски го започна учеството на Бледскиот стратешки форум кој оваа година е на тема „Солидарност за глобална безбедност“.

Премиерот Ковачевски, на Бледскиот стратешки форум денеска ќе има свое излагање на попладневниот лидерски панел заедно со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и премиерите на Словенија Роберт Голоб, на Албанија Еди Рама, на Хрватска Андреј Пленковиќ, на Бугарија Николај Денков, на Косово Албин Курти, на Србија Ана Брнабиќ, на Црна Гора Дритан Абазовиќ и претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина Борјана Кришто.

Лидерскиот панел можете да го проследите на следните линкови:

Лидерскиот панел можете да го проследите на следните линкови:

Линк до лидерскиот панел на македонски јазик

Линк до лидерскиот панел на албански јазик

Линк до лидерскиот панел на англиски јазик

Во рамки на овогодинешното учество на Бледскиот стратешки форум, премиерот Ковачевски денеска ќе оствари и повеќе билатерални средби меѓу кои со премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ, како и со специјалните претставници за Западен Балкан, на Европската Унија Мирослав Лајчак и на Обединетото Кралство Сер Стјуарт Пич.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles