18 C
Struga
Saturday, July 27, 2024
spot_img

Премиерот Ковачевски во посета на Атина по повод 20-годишнината од самитот ЕУ – Западен Балкан во Солун и декларацијата од Солун

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска во Атина ќе учествува на неформална вечера на лидери од Западен Балкан и лидери од ЕУ земји-членки од регионот, чиј домаќин ќе биде грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Неформалната вечера се одржува по повод одбележувањето на 20 години од одржувањето на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Солун и „Декларацијата од Солун“, известуваат од Владата.

Премиерот Ковачевски во Атина е придружуван од заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Неформалната вечера ќе биде можност лидерите да разговараат за проширувањето и европската иднина на регионот на 20-годишнината од „Декларацијата од Солун“ од Самитот ЕУ-Западен Балкан, со која најконкретно беа отворени перспективите за членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ.

На неформалната вечера ќе учествуваат претседателите на Европскиот Совет Шарл Мишел и на Европската Комисија Урсула Вон Дер Лејен, лидерите на земјите од Западен Балкан – српскиот претседател Александар Вучиќ, црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, премиерката на Босна и Херцеговина Борјана Кришто и косовскиот премиер Албин Курти, како и премиерите од земји членки на ЕУ од регионот и пријатели на проширувањето – на Хрватска Андреј Пленковиќ, на Романија Јон-Марсел Чолаку и на Бугарија Николај Денков.

Пред неформалната вечера, премиерот Ковачевски ќе оствари средба со претседателката на Европската Комисија, Урсула Вон Дер Лејен, се наведува во соопштението на Владата.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles