-5 C
Struga
Monday, January 24, 2022
spot_img

Прв случај на Омикрон во земјава и 5.185 активни на Ковид-19

Првиот случај на сојот омикрон на вирусот SarsCoV2 во земјава е детектиран вчера кај маж кој допатувал од Велика Британија, а регистририни се и 333 нови случаи на КОВИД-19 со што бројот на активни случаи изнесува 5.185. Ширењето на сојот омикрон во земјите од соседството и Европа ги врати задолжителните маски на отворани, како и забрани за новогодишни прослави, додека во САД беа откажани и повеќе од 200 летови на „Јунајтед“ и „Делта“.

Во соседна Грција од вчера стапија во сила новите мерки – задолжителна маска и на отворено, а веќе потврдени се 33 случаи на Омикрон и 98, кои се сомнителни и се испитуваат. Паралелно се откажуваат сите јавни божиќни и новогодишни манифестации, а постои силна препорака за тестирање, како на посетителите кои пристигнуваат во Грција, така и на граѓаните пред празничните собири.

Поради зголемениот број на случаи на заразени со Ковид-19, Италија ги забрани новогодишните прослави и најави враќање на задолжително носење маски на отворено. Забрана за масовни дочеци на Нова година на отворено, донесе и Словенија, но им дозволи на угостителите да работат до раните утрински часови со задолжителни потврди за ковид и негативни тестови за сите, без разлика на ковид-статусот.

Секвенционирањето на сојот Омикрон во нашата земја е направено во приватната болница Жан Митрев во Скопје, а станува збор за реинфекција, односно пациентот во јануари 2021 година ја имал прележано болеста и по прележувањето примил две дози од вакцината „Фајзер“. Во моментот пациентот има лесна клиничка слика и се лекува во изолација во својот дом.

Според последната ковид статитика на Институтот за јавно здравје, во изминатотото деноноќие, регистрирани се нови 333 случаи од направени 3.511 тестирања, а пријавени се 11 починати и 311 оздравени пациенти.

Досега во земјава се направени вкупно 1.565.599 тестирања на Ковид-19, а вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 222.666. Бројот на оздравени пациенти е 209.602, на починати 7.879, а активни се 5.185.

Надлежните најавија дека за време на празниците не се предвидуваат нови дополнителни мерки, а вакцинацијата останува единствен излез од пандемијата.

Прелиминарните податоци од Светската здравствена организација (СЗО), покажуваат дека сојот омикрон на коронавирус може да ја намали ефикасноста на вакцините против Ковид-19, но овој вид е помалку опасен од делта сојот.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles